вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска Трајковска: Имаме двојно повеќе починати од Ковид19 отколку што Филипче тврдеше дека ќе заболат- Утре во 11 часот протест пред МЗ

Стаменковска Трајковска: Имаме двојно повеќе починати од Ковид19 отколку што Филипче тврдеше дека ќе заболат- Утре во 11 часот протест пред МЗ

Бројката на починати од корона е речиси 4.200 лица, а Филипче предвидуваше дека ќе има само околу 2000 заболени. Дупло повеќе починати, од претпоставката или оценката на Филипче за тоа колку ќе има заразени?! Филипче ја утната работата по сите основи, почнувајќи од проценка за заболени, до организарање на здравствениот систем. За граѓаните пак воопшто не се мисли, истакна во Коментар на денот, Бети Стаменковска Трајковска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Филипче и Заев целосно ги заборавија граѓаните, ама затоа им ставија приоритет на провизиите. Ставајќи акцент на личните интереси, водени од провизиите, висината на процентите од тендерите, луѓе им умираат по ходници, луѓе умираат бидејќи нема кислород, умираат затоа што нема сооодветни лекарства. Сега веќе умираат бидејќи вакцинацијата секаде е започната на крај на декември 2020, а кај со доцнење скоро три месеци, подвлече Стаменковска Трајковска и додаде:

„Затоа Филипче доста беше забава, доста беше возење со мотори, хеликоптери, доста беше бркање провизии!

Затоа да излеземе утре на протест во 11 часот пред Министерство за здравство, протест под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“!

Локални избори 2021