недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Стаменковска Стојковски: Законот за ЈО е донесен по насилен пат се со цел да се заштити криминалното работење на партиските структури на СДСМ

Стаменковска Стојковски: Законот за ЈО е донесен по насилен пат се со цел да се заштити криминалното работење на партиските структури на СДСМ

Не го поддржавме Законот за Јавно обвинителство бидејќи сметаме дека со овој закон ќе се прикрие криминалното работење на партиските структури на СДСМ, нагласи Невенка Стаменковска Стојковски, дополнителен заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5.

Таа додаде дека целата јавност е сведок за начинот и постапката на носење на законот, истакнувајќи дека стручни лица вршат анализа на целокупната постапка и дополнително ќе излезат со информација што ќе преземат во врска со законот.

Целата јавност знае за начинот на кој што се носеше овој закон, во моментот стручни лица во рамки на партијата прават анализа на самиот закон и на целата постапка како тој беше донесен и согласно тоа ќе излеземе со информација потоа, рече таа.

Според нејзе СДСМ останала глува на забелешките и предлозите за подобрување на законот за Јавно обвинителство дадени од страна на универзитетските професори

Имаше јавна дебата за законот каде што професори од правниот факултет стручни лица во оваа област ги дадоа своите коментари како би можело да се подобри овој закон, но СДСМ беа глуви за ова и не ги послушаа предлозите, кажа Стаменковска Стојковски.

Коронавирус