сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 85
home Вести

Стаменковска Стојковски: Владата на СДСМ е далеку од транспарентна и отчетна влада

Стаменковска Стојковски: Владата на СДСМ е далеку од транспарентна и отчетна влада

Зошто не сте толку транспарентни кога бараме информации за бројот на вработени во јавниот сектор. Јас пред точно една година поставив пратеничко прашање до министерот Тевдовски да ми достави листа со сите вработувања кои што ги имаат во текот на 2018 година. Но, јас до ден денеска тие информации не ги добив и покрај тоа што на неколку пати го потсетив и Дамјан Манчевски во Собранието, дека овие информации ми се потребни, не ги добив. Пративме неколку пати барања потпишани од пратениците за да добиеме информации за бројот на склучени договори, објавени огласи, вработени на неопределено време. Но, до ден денеска добиваме само празни пликови, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска Стојковски во вчерашното гостување во емисијата Топ тема на ваша страна на ТВ Телма.

Стаменковска Стојковски додаде дека владата на СДСМ и Заев е далеку од транспарента и отчетна влада, коментирајќи ја изјавата на Заев и Манчевски каде што Заев изјавил дека ќе има намалување на бројот на административци, додека пак Манчевски изјавил дека со вработувањата нема да се запре и ќе се зголемува нивниот број, односно како што рече таа не се знае на кого може да му се верува дали на министерот или на премиерот.

Зоран Заев пред неколку дена вели дека бројот на административци, се намалил. Но, од друга страна министерот Дамјан Манчевски изјави дека со вработувањата нема да застанеме и дека ќе се зголемува бројот и сега не знаеме кој на кого да веруваме, кој е потранспарентен, министерот или премиерот? Или пак ова испаѓа дека Зоран не може да му верува на Заев? Јас верувам дека позади оваа нивна таканаречена транспарентност сакаат да затскријат, но претпоставувам за брзо време ќе излези, потенцираше пратеничката Стаменковска Стојковски.

Коронавирус