среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска-Стојковски:СДСМ не дискутираше да се избере јавен обвинител по стандардите, туку само по име Катица Јанева

Стаменковска-Стојковски:СДСМ не дискутираше да се избере јавен обвинител по стандардите, туку само по име Катица Јанева

Во вечерашната емисија „Топ тема“, пратеничката Невенка Стаменковска-Стојковски зборуваше за Законот за обвинителство при што речеде дека во однос на овој закон барањата и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ беа онакви какви што и претходно СДСМ за време на кампањата 2016 ветуваше дека ќе бидат, а тоа изборот на јавен обвинител од страна на опозицијата.

-Ако се сеќавате ветувањата на СДСМ беа дека јавен обвинител ќе биде избран од страна на опозицијата,што не се случи, ние поднесовме пред година и пол ваков предлог , но СДСМ не го прифати. По однос на законот за јавно обвинителство кое што е во моментот заглавен во Собранието, и СДСМ бараше начин како да ги задскрие своите криминални дела со донесување на нов закон за јавно обвинителство, истакна Стаменковска Стојковски.

Таа во своето гостување потсети дека СДСМ бараше продолжување на мандатот на СЈО, сега трансформиран во рамки на јавно обвинителство, но, повторно Катица Јанева да биде главна во рамките на јавното обвинителство и бараа сите лица коишто се вработени во СЈО да бидат префрлени и да продолжат да работат во рамките на јавното обвинителство.

-Вистинското заглавување на Законот за специјално јавно обвинителство беше во рамките на СДСМ бидејќи тие бараа нешто што и самите не знаеја што бараат, односно бараа начин како да се продолжи мандатот на Катица Јанева. Значи тука не се дискутираше дали да се избере јавен обвинител по стандарди како што треба да биде избран, туку се дискутиршае цело време да биде избран јавен обвинител по име Катица Јанева. Исто така СДСМ бараа начин како со донесувањето на новиот закон да се спасат од своите криминали кои сега излегоа на виделина како Рекет 1, Рекет 2 итн, потенцираше пратеничката.

Таа дообјасни дека во рамките на преговорите за Законот за јавно обвинителство ВМРО-ДПМНЕ имаше само искрени намери се со цел да се донесе овој закон.