сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 52
home Вести

Стаменковска Стојковски распали по Манчевски: Министерот заборави да каже дека локалните власти се уште се рекламираат и вршат притисок врз уредувачката политика

Стаменковска Стојковски распали по Манчевски: Министерот заборави да каже дека локалните власти се уште се рекламираат и вршат притисок врз уредувачката политика

Министерот за информатичко опшество Дамнјан Манчевски заборавил да каже дека локалните власти се уште се рекламираат и вршат притисок врз уредувачката политика, реагира дополнителната заменик министер за информатичко општество Невенка Стаменковска Стојковски.

Вп продолжение ви ја перенесуваме целата реакција на на заменик министерката Стаменковска Стојковски:

Министре Damjan Manchevski, Заборавивте да кажете дека во извештајот е истакнато дека локалните власти сеуште се рекламираат и тоа го злоупотребувате како алатка за вршење притисок за промена на уредувачката политика.

Намерно или случајно не истакнавте дека во извештајот е нотиран и владиниот обид за потплаќање на медиумите преку реклами за Владините достигнувања, но и навредите и заканите кон новинари од високи владини службеници.

Министре Манчевски, Македонија е единствената земја во Европа со осуден новинар за напишан текст. Излегувате на прес-конференција да цитирате извештаи за новинарски слободи, а молчевте кога новинар беше осуден на казна затвор за напишан текст. Јавниот простор во Македонија е приклештен од обвинителско-политичка рекет машинерија на СДСМ која врши притисок врз критичките новинари на кои им се заканува со затворски казни.

Кога зборувате за владини алатки за контрола на медиумите ние ќе ве потсетиме на цензурата која ја воведовте во медиумскиот простор со забраната за присуство на критичките медиуми на владини прес-конференции.

Да ве потсетиме и на грантот од 350 илјади евра што го доби братот на еден провладин новинар од Фондот за иновации и на грантот од 10 милиони денари за еден провладин дневен весник од истиот тој Фонд, како и на грантот од 80 илјади евра на Агенцијата за филм за фирма на провладини мегафони.

Цензура и затворски казни за критичките медиуми од една страна и грантови за провладините мегафони од друга страна. Тоа се алатките на власта на СДСМ за контрола на медиумите.

Министре Damjan ManchevskiЗаборавивте да кажете дека во извештајот е истакнато дека локалните власти сеуште се…

Gepostet von Невенка Стаменковска Стојковски am Dienstag, 21. April 2020

Коронавирус