сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Стаменковска Стојковски: Признание од страна на Директорката на Централен регистар за статусот на вработените е доволна потврда за незаконското вработување

Стаменковска Стојковски: Признание од страна на Директорката на Централен регистар за статусот на вработените е доволна потврда за незаконското вработување

Признание од страна на Директорката на Централен регистар за статусот на вработените е доволна потврда за незаконското вработување.
Имено, Законот за административни службеници е јасен и не постои друг начин на вработување освен преку Агенција за администрација.
Сето останато е работа на Државен управен инспекторат. Очекувам професионален надзор од страна на управниот инспекторат и јавно да ги изнесат доказите со кои оваа директорка упорно 3 години ги изигрува законите а се повикува на колективен договор кој во принцип уредува права и обврски а не услови и постапка за вработување.
Вашето произволно постапување ќе биде санкционирано порано или подоцна.
Обновата на Македонија значи почитување на законите а вие ќе ни бидете пример како не треба да се работи, напиша на својот Фејсбук профил дополнителната министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски.

Коронавирус