сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 89
home Вести

Стаменковска-Стојковски: Обидот на градоначалникот на Лозово да ги спречи вработените да пријават притисок е потврда за се што се пишува за него

Стаменковска-Стојковски: Обидот на градоначалникот на Лозово да ги спречи вработените да пријават притисок е потврда за се што се пишува за него

Дополнителниот министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски преку статус на Фејсбук пишува дека обидот на Градоначалникот на општина Лозово да ги спречи вработените во јавниот сектор да пријават притисок е само потврда на сето она што го пишуваат за него како политичар, работодавец, но и како човек.

-Обидот на Градоначалникот на општина Лозово да ги спречи вработените во јавниот сектор да пријават притисок е само потврда на сето она што го пишуваат за него како политичар, работодавец, но и како човек.
Имено, сакав да испратам заедничка порака со градоначалникот дека слободните, фер и демократски избори се наш заеднички императив и дека реалната изборна волја на граѓаните не смее да биде попречена. За жал, додека функционерите на СДСМ декларативно повикуваат на фер и демократски избори, во исто време ги попречуваат сите искрени активности кои се преземаат во таа насока.
Сакам да ја известам јавноста дека денес преку допис добив одговор од градоначалникот на СДСМ од Лозово со кој ме известува дека тој не дозволува вработените слободно да можат да пријават притисок во простории на општината на настанот „Отворен ден со граѓаните“ кој е предвиден да се одржи утре од 14:30 до 15:30 часот. На овој начин, функционерите на СДСМ најдиректно порачуваат дека се против начелото за избори без притисок врз вработените во јавната администрација, а градоначалникот покажува дека сите пишувања во медиумите не се без основа.
Нема да дозволам злоупотреби на администрацијата и нема компромис на одржувањето на слободни, фер и демократски избори. Ќе потсетам дека законот е јасен и дека секој кој ќе се дрзне врши притисок и заплашување на гласачите ќе одговара со казна затвор од три до пет години. „Отворен ден со граѓаните“ утре ќе има, дали пред или во општината. Банерот за фер избори ќе биде во Лозово, а на вработените во Општина Лозово и јавниот сектор им порачуваме дека во нас имаат партнер кој ќе им овозможи без страв да го остварат своето избирачко право. Го сакале тоа од СДСМ или не, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Почитувани граѓани,Обидот на Градоначалникот на општина Лозово да ги спречи вработените во јавниот сектор да пријават…

Gepostet von Невенка Стаменковска Стојковски am Donnerstag, 25. Juni 2020

 

Коронавирус