четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 103
home Вести

Стаменковска Стојковски: Не запираат притисоците и заканите врз вработените во јавниот сектор!

Стаменковска Стојковски: Не запираат притисоците и заканите врз вработените во јавниот сектор!

Притисоците и заканите врз вработените во јавниот сектор не запираат. Злоупотребите на службените овластувања, притисоците и заканите од функционерите на СДСМ го штити и министерот Дамјан Манчевски кому вработените во јавниот сектор, основано, не му веруваат, обвинува дополнителниот министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски.

-Очекувањата на граѓаните и вработените во јавниот сектор се да ги заштитам и обзнанам незаконските постапувања, како и да го повикам на одговорност, а не само на декларативно режирано сценаријо од страна на Манчевски, кое што трае веќе трета година, истакна таа.

Стаменковска Стојковски по претставките кои ги има добиено, денес остварила средба со претседателката на ДКСК.

Иако по распишување на изборите, според изборен законик, не смее да се носат нови решенија, вработените не смеат да се деградираат и распределуваат и не смеат да се носат дициплински постапки. Како што потенцира таа, функционери на СДСМ во овој период подготвуваат нови решенија за едни, како и откази за други, што е спротивно на закон.

Целата изјава погледнете ја во продолжение:

Коронавирус