недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 80
home Вести

Стаменковска Стојковски на средба со Ралповски: Заедничка цел ни е унапредување на правата на вработените во државниот и јавниот сектор

Стаменковска Стојковски на средба со Ралповски: Заедничка цел ни е унапредување на правата на вработените во државниот и јавниот сектор

Конструктивен состанок со Претседателот на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски, на кој констатиравме дека заедничка цел ни е унапредување на правата на вработените во државниот и јавниот сектор, напиша дополнителниот министер по информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски на Фејсбук.

-Се согласивме дека со предложените законски решенија се дерогираат правата на вработените во администрацијата и дека под итно треба да се претстане со притисоците и заканите кон администрацијата, при што посебно ми беше нагласена 2019 година како најтешка за КСС по сите основи и тоа:
Откази на синдикални претставници, притисоци врз членството на сите можни начини, несигурност заради не постапување на надлежните институции, несигурност заради честите измени на законите на штета на административните службеници и маргинализирање на нивното учество при креирање на политиките поврзани со вработените во државна и јавна администрација, пишува таа и додава:

„Од моја страна пренесов мои согледувања и забелешки на законот, начинот на комуникација со синдикатите, наместо декларативен и потценувачки ќе се заложам за отворен и искрен дијалог. Веднаш ќе упатам задолжение со молба до раководителите на институции за доследна примена на законите и да запрат со притисоците и заканите. Подготвена сум со мојот кабинет, да ги посетам институциите и да се уверам односно да констатирам дали постои единствена примена на прописите што се однесуваат на државните и јавни службеници. Ова е првичен состанок кој произлезе поради неспособните функционери кои раководат со институциите и кои не си ја завршиле примарната работа и обидот на Владата со анкетни листови да ги заобиколи обврските согласно закон, правилник и методологија за изработка на функционална анализа во државните и јавни институции. Ќе продолжиме со отворен и искрен дијалог на сите теми“.