петок, 14. август 2020. Вести денес: 153
home Вести

Стаменковска Стојковски: На 15 јули ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, ние нудиме проекти кои се потребни за граѓаните

Стаменковска Стојковски: На 15 јули ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, ние нудиме проекти кои се потребни за граѓаните

На 15 јули ќе победи обновата на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада а со тоа и сите реформи кои што ги вети во текот на изборната кампања и кои се содржани во програмата „Обнова“ ќе има шанса да ги реализираме и да им покажеме на граѓаните дека навистина вредело да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ, вели Невенка Стаменковска Стојковски, Заменик министер за информатичко општество.

Таа во емисијата „Бизнис поенти“ која се емитува на телевизија Алфа истакна дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која во изборната каампања пониду реални проекти нивните опоненти не понудија ниту проекти кои би ги реализирале ниту пак имаа со што да се пофалат дека некој проект од капитално значење успеале да реализираат.

-Со гордост можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ, во своето предизборно преставувавање, понуди проекти кои што навистина се потребни за граѓаните. За разлика од нас, граѓаните можеа да видат дека СДСМ немаат ниту еден проект што можат да го понудат пред граѓаните и ниту пак имаат некој реализиран проект, од периодот на нивно врадеење, со кој можат да се пофалат, рече Стаменковска Стојковски.

Таа истакна дека во изминатиот периот од неколку години владеење на СДСМ нема никакви реформи во администрацијата, и со тоа што се фалеа дека дигитализирале неколку услугу, всушност е лага затао што ништо од тоа не функционира.

-Во време на СДСМ немаше ни Р од реформи во администрацијата. Иако министерот многу често се фали дека успеал да направи догитализација, дека има дигитализирано 137 услуги, треба само да кликнете на било која од нив ќе видите дека ниту една од од нив не е функционална. За време на пандемијата, бевме сведоци дека пред Управата за матична евиденција, секој дневно имаше редици на луѓе, бидејќи секој еден од нив што аплициран он лајн за да добие извод, всушност изводот никогаш и не го добил. Тие повторно мораше да отидат и да чекаат ред за да ги добијат своите документи, со што се уверивме дека дигитализацијата, со која се фалат, не функционира, истакна заменик министерката Стаменковска Стојковски.

Коронавирус