сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 20
home Вести

Стаменковска Стојковски: Мерката за К-15 во администрацијата е класичен поткуп, во буџетот за 2020 година не се предвидени пари

Стаменковска Стојковски: Мерката за К-15 во администрацијата е класичен поткуп, во буџетот за 2020 година не се предвидени пари

Заменик министерката за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски, во интервју за порталот Економски лидер вели дека најавата на министерот Дамјан Манчевски за доделување на к-15 на државната и јавната администрација е класичен поткуп на гласачите во предизборниот период, потенцирајќи дека во буџетот за 2020 година не се предвидени средствата за доделување на к-15 на вработените.

Мерката која што ја презентираше Дамјан Манчевски за К-15 на вработените во државната и јавната администрација во предизборниот период е класичен поткуп на гласачите, а истото го кажа и Државната комисија за спречување на корупција. Но, Манчевски заборави да каже дека Министерството за финансии има негативно мислење за ова и тоа од министерката од СДСМ и овие средства не се предвидени во Буџетот за 2020 година, вели Стаменковска Стојковски.

На прашањето како ВМРО-ДПМНЕ ќе го надмине проблемот со администрацијата, Стаменковска Стојковски нагласи:

Она што ќе си го земам како обврска е да проверам точен број на вработени во секоја институција и нивна потреба, бидејќи имаме институции каде што е навистина потребен дополнителен кадар поради зголемен обем на работа, но има и институции каде што заради партиски цели СДСМ вработи премногу луѓе за кои што реално нема потреба.

Коронавирус