четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска Стојковски: Манчевски да не ја замајува јавноста и да ја повика на одговорност директорката на АВРМ за сите незаконски постапки

Стаменковска Стојковски: Манчевски да не ја замајува јавноста и да ја повика на одговорност директорката на АВРМ за сите незаконски постапки

Наместо министерот Дамјан Манчевски да ја замајува јавноста дали јас ги разбирам или не бројките, нека ја повика на одговорност директорката на АВРМ за сите незаконски постапки кои ги води во институцијата, тортурата, мобингот врз вработените, вработувањата со лажни документи, антидатирањето на постапките… Нека ја охрабри и нека и помогне да се пребројат каде се сите 60000 илјади вработувања за кои се фалите. А ако не верува во наводите да појдеме заедно во контрола на нејзиното работење, да го констатираме истото и нека го повика и тој техничкиот претседател на Владата на Република Македонија да ја разреши директорката, стои во реакцијата на дополнителниот министер за информатичко опшество, Невенка Стаменковска Стојковски.

Коронавирус