недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Стаменковска Стојковски: Имам информации за притисок врз вработените за учество на вчерашниот марш на СДСМ

Стаменковска Стојковски: Имам информации за притисок врз вработените за учество на вчерашниот марш на СДСМ

Утринава добив информација од повеќе институции кои што се пожалија дека по насока на директорите на институциите заминале на вчерашниот марш во организација на СДСМ и ова не е случај само во една институција, туку во повеќе. Министерот Манчевски сам може да се увери бидејќи синоќа вработени во ЈСП Скопје изјавија дека се дојдени на маршот по насока на директорот, вели Невенка Стаменковска Стојковски, дополнителен заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5.

Стаменковска Стојковски додаде дека најавената мерка за к-15 на државната администрација од страна на СДСМ и Манчевски е класичен поткуп на гласачите потенцирајќи дека Министерството за финансии имало негативно мислење по однос на оваа мерка, како и дека Буџетот за 2020 година нема предвидено средства за оваа мерка.

Како Манчевски дозволи да се потпише Колективен договор со добиено негативно мислење од министерството за финансии и министерката Нина Ангеловска. Со вакво негативно мислење министерот н смее да потпише колективен договор, а исто така за Колективен договор треба да се консултира министерството за труд и социјална политика, а тие немаат направено консултација. Сметам дека е манипулација бидејќи во Буџетот за 2020 година нема предвидено финансиски средства за исплаќање на к-15, а тоа значи дека административците се излажани. А денеска и Антикорупциска комисија излезе и кажа дека потпишување на колективни договори пред избори се смета за поткуп на гласачи, посочи Стаменковска Стојковски.

Коронавирус