недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска Стојковски: Градоначалникот на Ресен распишал оглас врз основа на невалиден годишен план за вработување

Стаменковска Стојковски: Градоначалникот на Ресен распишал оглас врз основа на невалиден годишен план за вработување

Власта не само што ја партизира и преполнува јавната администрација, туку и постапките за вработување ги води незаконски.Согласно Законот за вработените во јавниот сектор, вработувањата во институциите се вршат врз основа на годишни планови за вработување, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна дополнителниот министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски.

-Денес ќе обелоденам конкретен случај кој покажува како функционерите на власта, спротивно на одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор, спроведуваат постапки за вработување. Ова е оглас на Градоначалникот на Општина Ресен за вработување на работници на неопределено време објавен на ден 14.10.2019 година, оглас кој го објавил и го завршил и покрај тоа што добил известување од Министерството за информатичко општество и администрација на 30.10.2019 година дека Годишниот план за вработување, кој согласно Законот е основа за тие вработувања, е невалиден. Иронијата да биде поголема, за тоа дека огласот кој го распишал му бил врз основа на невалиден Годишен план за вработување дури и не му било потребно известувањето од МИОА, бидејќи и самиот тој, по само 3 дена откако го објавил бил целосно свесен за истото, што се гледа од дописот кој го испратил до МИОА, на 17.10.2019 година, со кој бара да се исправи грешката во планот. Сепак, сето ова не било доволно Градоначалникот да ја запре постапката во невалидниот оглас, со што очигледно потребата да се задоволат нарачките за вработување биле поважни од тоа да се почитуваат Законите, вели Стаменковска- Стојковски.

Таа додава дека за тоа дека јавната администрација брутално се преполнува тврдевме и пред отпочнување со работа на техничката влада. Денес тоа го потврдуваме и со конкретни докази.

-Ја известувам јавноста дека денес лично ќе доставам претставка до Државниот управен инспекторат, како орган надлежен за надзор над спроведување на Законот за вработените во јавниот сектор, да ја испита и поништи незаконската постапка за вработување во оваа институција од јавниот сектор. На Македонија и треба обнова, а таа ќе дојде само со работење и почитување на законите, вели Стаменковска- Стојковски.

Најнови вести

Коронавирус