вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска Стојковски до новинарите: Изложени сте на ризик, а неуморно придонесувате да се спасат човечки животи

Стаменковска Стојковски до новинарите: Изложени сте на ризик, а неуморно придонесувате да се спасат човечки животи

По повод Светскиoт ден на слободата на медиумите, заменик министерката во МИОА, Невенка Стаменковска Стојкоски упатува честитка до медумите и новинарите, кои како што вели,  будно ја чуваат слободата на медиумите и правото на слободно изразување со што придонесуваат кон одржување на демократските процеси во Република Македонија.

„Живееме во време на пандемија каде вие медиумите сте изложени на висок ризик при работа, а притоа неуморно и покрај сите притисоци и цензура во изминатиот период со објективно информирање придонесувате да се спасат човечки животи. Ви благодарам

Нашите напори и посветеност за не дискриминација на медиумскиот простор, поддршка на новинарите и борбата со лажните вести ќе продолжи и сигурна сум дека ќе победи.

Честит 3 мај, светски ден на слободата на медиумите“-напиша таа.

ЕУРО 2020

Македонија