четврток, 4. јуни 2020. Вести денес: 137
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Стаменковска Стојковски: Аматерски е обидот да ги прикривате податоците за над 40.000 вработувања во јавниот сектор

Стаменковска Стојковски: Аматерски е обидот да ги прикривате податоците за над 40.000 вработувања во јавниот сектор

По повикот за разрешување на директорката на АВРМ, Билјана Јовановска, се најде прозван и министерот Дамјан Манчевски за бројот од над 40.000 ново вработени во администрацијата. Дамјан Манчевски и Билјана Јовановска, во обид да се прикрие вистинската состојба со вработувањата во јавниот сектор почнаа да си ја префрлуваат топката чија е надлежноста за водењето на вработувањата во администрацијата, порачува дополнителната заменик-министерка во МИОА, Невенка Стаменковска Стојковски.

Нејзиниот статус го пренесуваме во продолжение:

Во обидот да се објаснат Билјана Јовановска АВРМ и министерот Дамјан Манчевски се востанови дека ниту едниот ниту другиот знаат што е во доменот на нивната работа или едноставно не сакаат да кажат.

За единствената работа со која што се согласувам со Билјана Јовановска е дека МИОА има обврска да води регистар на вработени во јавниот сектор и за таа цел а согласно член 18 став 3 од ЗВЈС кој гласи: “МИОА има право да ги обработува податоците содржани во Регистарот на вработените во јавниот сектор и обврска да врши размена податоци од својата евиденција со податоци од АВРМ, УЈП, ФПИОМ, ФЗОМ, во насока на вршење контрола и обезбедување на целосни, точни и навремено ажурирани податоци од страна на институциите во јавниот сектор”, и ги барам податоците кои Дамјан Манчевски се обидува да ги прикрие.

Имено, АВРМ води административна статистика на вработените преку Пријавата за потреба од работник (ППР) и М1/М2 обрасците, во кои точно се содржани видот на работодавецот, начинот на вработување, основот и видот на пријава/одјава во и од работен однос и др.

Аматерски е обидот да ги прикривате податоците за над 40.000 вработувања во јавниот сектор и да се повикувате на официјалната статистика на Заводот за статистика, во кој сосема е различно дефинирано вработувањето.

Билјана Јовановска и нејзината приватна агенција за вработување, која освен блиските роднини, во изминатиов период ги вдоми сите членови на нејзината партија а посебно за секретарот и потпретседателот дури и систематизацијата ја менуваше за да можат да се вклопат во приватната институција, со признанието дека Агенција за администрација ги потврдила распоредувањата на вработените од 100км, 150км и 170км во еден правец од местото на живеење до работното место, ја проширува одговорноста и намерата за непочитување и брутално кршење на работничките права.
Најбараниот демант од Дамјан Манчевски и Билјана Јовановска е да излезете со точни податоци од системот на АВРМ и врз основа на прецизните барања од мојот допис и да ја известите јавноста дали од 60.000 вработувања со кои се фалите, над 40.000 се во јавниот сектор.

Најнови вести

Коронавирус