сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска: Секој граѓанин во Македонија согласно последните математики е задолжен 2.700 евра

Стаменковска: Секој граѓанин во Македонија согласно последните математики е задолжен 2.700 евра

Во утринската емисија на „Алфа ТВ“ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска која посочи дека Буџетот оваа година е креиран 3.9 милијарди евра, најголемиот буџет до сега кој што Република Македонија го имала. Слободно може да кажеме дека Буџетот за 2020 година е буџет за плата.

Искрено ваков буџет, не знам значи 498 милиони евра предвидени за плати на администрацијата. Но оној кој што го видел Буџетот знае дека овој дел е предвиден само за плати. Но не се прикажани така експлицитно, платите кои што се предвидени со блок дотации за наставниците во основното и средното образование. Не се така видливи и платите кои што се за воспитачките и наставниците, кадарот кој што е и во градинките. Ниту пак за јавно здравствени установи. Што значи дека оваа цифра е многу поголема, додаде Стаменковска.

Стаменковска истакна дека секој граѓанин согласно последните математики е 2.700 евра задолжен во Република Македонија. И тоа не е малку. И тој што сега ќе се роди е веќе задолжен по 2.700 евра. Оваа калкулација се однесува за 2 милиони жители. Но ако сме помалку од 2 милиони жители тогаш задолжувањето по секој граѓанин е многу поголемо и не изнесува тогаш 2.700 евра по жител.