сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 45
home Вести

Стаменковска: СДСМ наметна практика да се праќа до Венецијанската Комисија само членови, а не целиот текст на законот

Стаменковска: СДСМ наметна практика да се праќа до Венецијанската Комисија само членови, а не целиот текст на законот

Жалам што министерката за правда не е тука на денешната седница иако насекаде се слуша муабет дека овој закон за антикорупција е направен по нејзин терк. Но добро барем имаме претставник од министерството за правда, а и добро ќе биде заменик министерот во некои од нашите коментари барем да ни даде одговор. Можеби ние не сме разбрале добро или можеби лошо им е напишан законот но добро ќе биде барем еден да се одважи и да ни даде одговор за некое од нашите прашања, појасни Невенка Стаменковска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија.

Стаменковска образложи дека по однос на овој закон не знае од каде да почне бидејќи онака како што е направен односно напишан овој закон, може да каже дека е еден од најлошите закони кои што ги има добиено, прочитано во текот на овој пратенички состав.

-Ние како пратеници не ги добивме мислењата на Венецијанската комисија, вие можете само да се фалите во однос на тоа. Но исто така една практика која СДСМ ја наметна во последно време е тоа дека се праќа до Венецијанската Комисија коментари односно членови само, само они членови кои што се променуваат односно се менуваат, а не се праќа целиот текст на законот, посочи Стаменковска.

Коронавирус