недела, 16. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска: СДСМ десет месеци не донесе ниту една странска инвестиција, а избркавте 3 компании

Стаменковска: СДСМ десет месеци не донесе ниту една странска инвестиција, а избркавте 3 компании

Невенка Стаменковска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  во Собранието говореше за лошите политики на Владата кон странските инвестиции, поради што три компании се откажале од инвестирање во државата. Стаменковска ги спомена придобивките и 20.000 вработувања, кои се отворија во време на ВМРО-ДПМНЕ, а сега СДСМ нема донесено ниту една инвестиција.

– Секој еден денар кој што е даден за странските инвестиции е важен за Република Македонија, бидејќи тие странски инвестиции кои што беа донесени во Република Македонија за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, донесоа 20.000 вработувања. Бројка на вработувања која што вие можете само да ја сонувате и никогаш нема да ја остварите, рече Стаменковска обраќајќи се кон пратеничката од редовите на СДСМ, Фросина Ременски.

Пратеничката Стаменковска побара владата на СДСМ да наброи барем една странска инвестиција, која што е донесена од нив. Стаменковска замоли тоа да не биде инвестиција која била работена и донесена од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката за отворените компании и популизмот на владата кажа:

– Вие по некој склоп на околности успеавте да пресечете само лента. Јас не се сеќавам на ниту една странска инвестиција во последните 10 месеци. На она што се сеќавам дека 3 компании кои претходно беше договорено да влезат во Република Македонија си заминаа.

Стаменковска констатира дека компаниите си заминале, поради политиката која што СДСМ почна да ја води во Република Македонија.

Коронавирус