петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Стаменковска открива скандали: Не се почитувале судски одлуки во корист на вработени во Министерството за информатичко општество и администрација

Стаменковска открива скандали: Не се почитувале судски одлуки во корист на вработени во Министерството за информатичко општество и администрација

Со влегувањето на Невенка Стаменковска Стојковски на местото заменик министер за информатичко општество од ВМРО-ДПМНЕ, почнаа да излегуваат на виделина неправилностите и неправдите кои се случувале врз вработените во јавната и државната администрација. Во 24 Телевизија, таа изјави дека досега до неа има стигнато многу жалби од вработени лица во администрацијата кои подлежеле на неправда.

Сте избркале лице поради тоа што не ви бил партиски истомисленик, си ја терал процедурата на суд, на суд првостепен и на Апелација, и има решение за да се врати на работа. Секој ден тоа лице оди на работа и притоа вие не го евидентирате во Агенцијата за вработување како вработено лице и не му давате работни обврски. А, згора на тоа распишан е оглас за вработување на ново лице од надвор за истото работно место на оштетениот, го обвини Стаменковска Манчевски.

Според неа, ова не е единствен случај каде што раководни лица вршат терор врз вработени јавни и државни службеници, а Министерството за информатичко општество предводено од СДСМ, не ги заштитува нивните права и обврска. Стаменковска запраша зошто на тоа лице на коешто Судот му досудил пресуда дека е незаконски избркано од работа од директор на СДСМ, не се враќа повторно на работа и не му се запишуваат работни обврски.

Дамјан Манчевски рече дека за непочитување на Судот на директорот му следува кривична одговорност, но сеуште е нејасно зошто досега не е изреагирано по налог на судското решение.

Стаменковска го претрка, велејќи дека токму за овој случај како и за многу други со вакви и слични нерегуларности ќе поднесе процедура од идниот понеделник.