понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска: Од противзаконските одлуки, Собранието е се освен институција каде што треба да се носат разумни и демократски одлуки

-Предавници се оние кои што се обидуваат да го сменат името на Република Македонија. Вие сте предавниците, вели пратеничката Стаменковска.
Стаменковска: Од противзаконските одлуки, Собранието е се освен институција каде што треба да се носат разумни и демократски одлуки

Барам од колегата да се извини на сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ги нарече забегани. Ве мислев за многу покултурен човек, знам дека ви се брза да се избере Државната изборна комисија, но жалосно е после вакво однесување овде вие да бидете заменик министер за образование тој кој што ќе носи образовни програми во Република Македонија, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска, на денешната расправа на Комисијата за европски прашања.

Таа додаде дека во 2016-та година изборите се спровеле во такви услови бидејќи во тој период имало техничка влада каде што тогашната опозиција  имала дел од министерствата, а на чело на Државната изборна комисијата имало исто така бил на предлог од опозицијата.

-Сами и вие кажавте дека изборите во 2016 година беа се само не демократски избори и беа избори во кои што вие си плативте за да дојдете на власт. Вашата цена очигледно нема крај бидејќи секој ден и се повеќе правите чекори со кои што ги бркате младите од Република Македонија, потенцираше Стаменковска.

Стаменковска нагласи дека политичката партија и тие како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се трудат и се борат да не се дозволи промена на уставното име на Република Македонија.

-Предавници се оние кои што се обидуваат да го сменат името на Република Македонија. Вие сте предавниците, вели пратеничката Стаменковска.

Таа на крај ги потсети пратениците од владејачкото мнозинство дека ги кршат законите, Деловникот за работа на Собранието и Уставот на Република Македонија, а поради нивното недолично однесување го кршат и етичкиот кодекс на однесување кое пред еден месеци го донесоа пратениците со 84 гласа за во Собранието на Република Македонија.

Коронавирус