понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска до Владата: Граѓаните на село Раштак немаат цело лето вода за пиење

Стаменковска до Владата: Граѓаните на село Раштак немаат цело лето вода за пиење

Пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Невенка Стаменковска денеска имаше обраќање на собраниската седница каде кажа дека во 21 век граѓаните на село Раштак цело лето немаат вода за пиење.

– Граѓаните во село Раштак од минатата недела прво цело лето немаа вода за пиење воопшто а од минатата недела од чешмите во нивните домови течеше кал наместо вода потенцираше Стаменковска.

Таа упати апел до владата овој проект за се реализира колку што е можно побрзо бидејќи граѓаните постојано се жалат и нагласи дека власта воопшто нема слух за овие граѓани кои секојдневно се борат за да се снабдат со чиста вода за пиење.