сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 56
home Вести

Среќен именден – Денеска е Св. апостол Филип

Среќен именден – Денеска е Св. апостол Филип

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 октомври, празник посветен на Свети апостол Филип.

Свети апостол Филип потекнуваше од Кесарија Палестинска. Беше женет и имаше четири ќерки. Кога светите апостоли ги бираа ѓаконите во ерусалимската Црква, што требаше да се грижат за бедните и болните и да ги организираат вечерите на љубовта т.е. агапите, меѓу нив беше избран и Филип. А кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, тој се повлече во Самарија и таму го проповедаше Евангелието, и не само што го проповедаше, туку и го сведошеше со многу чуда, изгонување на демони и исцелување на болни.

Го заврши овој живот мирно и во длабока старост и се пресели во радоста на својот Господ.

 

Коронавирус