понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 118
home Вести

Средношколски глас: ФИЈАСКО НА ДЕН ПРЕД ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

Средношколски глас: ФИЈАСКО НА ДЕН ПРЕД ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

По вчерашниот неуспешен тест на националната платформа за онлајн настава на Министерството за образование, следуваа и денешните три пробни часови, но платформата повторно не е во функција.

Средношколците повтроно реагираат на ова, како што велат, фијаско, само еден ден пред почетокот на новата учебна година.

– Денес на 29.09.2020 година беа закажани првите пробни часови на националната платформа. Требаше да се приклучат и основните и средните училишта и да се одржат првите пробни часови, но сите обиди за приклучување завршија со објаснување дека паднал системот. Ваквото фијаско се случува на само еден ден пред почетокот на учебната година, но исто така еден од големите проблеми е и недостапноста на платформата за на мобилните телефони. На крајот тестирањето се сведе на обиди за приклучување и нервози кај родителите и учениците. Средношколски Глас будно ги следи случувањата и го изнесува гласот на средношколците, се вели во нивната реакција.

Коронавирус