недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 104
home Вести

Средношколците се заканија со бојкот на наставата и протести

Средношколците се заканија со бојкот на наставата и протести

И независното здружение на средношколци со свои барања до Министерството за образование и наука – физичко присуство на часовите со почитување на мерките за заштита и откажување на концептот за дигитализација на образованието.

Од иницијативата „Средношколски глас“ денеска пред МОН ги претставија нивните барања. Велат дека доколку ресорното министерство не ги земе предвид, уште помасовно ќе ја бојкотираат наставата и ќе излезат на улица.

-Бараме да се организира јавна расправа за предложениот закон, каде што ќе сослушани сите страни како и стручни преттавници кои непосредно би учествувале во неговата ревизија и интервенција на законскиот текст. Ваквиот начин за промени во образованието, не ги решава проблемите туку создава нови, велат од „Средношколски глас“.

Во меѓувреме, неколкудневниот бојкот е прекинат, поради ветувањата на претставниците на МОН дека ќе ги разгледаат барањата на родителите кои очекуваат до понеделник повик за повторна средба. Доколку тоа не се случи, масовно ќе протестираат.

ЕУРО 2020

Македонија