среда, 15. јули 2020. Вести денес: 69
home Вести

Среде Скопје 80 часа без вода за пиење: Жителите на Нерези до понеделник оставени на цедило, Водовод дрско ги убедува граѓаните да импровизираат!

Среде Скопје 80 часа без вода за пиење: Жителите на Нерези до понеделник оставени на цедило, Водовод дрско ги убедува граѓаните да импровизираат!

Жителите на населбата Средно Нерези речиси 80 часови ќе бидат без вода за пиење додека трае непромислениот полициски час на власта.

Како што информираат жителите на оваа населба во центарот на Скопје тие веќе трет ден се без вода за пиење, но истото ги чека и во наредните три дена се до понеделник кога би започнал да се санира проблемот.

Жителите кои се обратија до редакцијата на КУРИР преку аудио снимки тврдат дека операторите вработени во Водовод дрско им спуштале слушалки, и непромислено им кажувале да се снајдат како знаат за вода до понеделник.

-Трети ден немаме вода, под карантин сме, вода немаме ни за пиење, ниту за во тоалет, ниту можеме да купиме. Бевме стрпливи три дена, а уште три дена веќе не се трпи. Вчера и денеска дел од вработените во операторскиот центар дури и ни спуштаат слушалка без никаков срам. Имаме мали деца, а тие ни велат дека проблемот ќе се санира дури во понеделник, вели еден од жителите на оваа населба.

Во аудио снимката доставена до нашиот медиум се слуша и како раководителот вработен во оваа институција дрско одговара дека вода сепак граѓаните имале, по што се слуша како ја спушта слушалката.

-И пред неколку недели имавме карантин, за Велигден и Први мај вода имавме, сега не убедуваат од Водовод дека вода немаме бидејќи сите граѓани биле дома и децата не оделе во училиште па се бањале. Една чаша вода не може да наполниме, затоа што е карантин и сите сме дома сме немале вода, ни велат од водовод,.Од таму раководителот не убедува дека во време на карантин треба да импровизираме со водата која ја нема ниту за лек. Какво е тоа импровизирање, ако може некој да ни одговори, вели друг револтиран жител на населбата Средно Нерези.

Жителите додаваат дека различни раководители од Водовод по повеќе телефонски повици им одговориле дека и да имало дефект истиот ќе се работел во понеделник, а се дотогаш тие ќе останат без капка вода и дека денеска нема шанси да добијат вода.

Ова населено место повеќе од 30 години се соочува со овој проблем во летниот период кога вода за пиење немаат од попладневните часови па се до полноќ, па полнат пластични шишиња и буриња за да ги задоволат основните физиолошки потреби.

Тие велат дека и покрај тоа сепак ова го надминува и основното човеково право, право на задоволување на основните физиолошки потреби, како шпто е на пример пиењето на вода.

Инаку во најавата на Водовод и канализација никаде го нема санирањето на овој проблем за време на 80 часовниот карантин како претходно би се информирале и подготвиле граѓаните на ова населено место среде центарот на Скопје.