петок, 25. септември 2020. Вести денес: 176
home Вести

Среде пандемија покачени сметки за струја, во соседство намалување како помош на граѓаните

Среде пандемија покачени сметки за струја, во соседство намалување како помош на граѓаните

Со една просечна плата Македонецот може да подмири околу 17 сметки за струја, Хрватот 45, додека Британецот со месечната заработка може да плати над 50 сметки. Европската статистика покажува дека едно семејство просечно троши околу 360 киловат часови електрична енергија во текот на месецот.
Според тоа, доколку не се греат на струја, домаќинствата во Македонија во просек плаќаат околу 1.500 денари за струја. Односно, со просечна плата од околу 26.000 денари може да се подмират 17 сметки.

Регулаторната комисија за енергетика од новиот собраниски состав бара да го намали ДДВ-то за електрична енергија од 18% на 5%.

Тоа го очекуваат и синдикалците, кои новата Влада ќе ја дочекаат со пакет барања.

“Вакви примери имаме и во многу побогати држави, каде што ДДВ-то е многу помалку за граѓаните, а за индустриските потрошувачи е поголемо. Правиме ние сега сет на мерки, сет на барања и како што кажав ќе ги испорачаме одма, во оној момент кога ќе се формира владата”, вели Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија.

И додека хрватската влада ја намали цената на струјата за 15% за месеците април, мај и јуни, кога економијата беше запрена поради пандемијата од Ковид-19, Регулаторната комисија за енергетика во Македонија донесе одлука да ја поскапи струјата за 7,4% за наредните 12 месеци. Причина биле намалените приходи на енергетските компании во периодот на пандемија.

“Мора да најдат некое друго образложение. Коронакризата ги погодила јавните претпријатија. А, што е со граѓаните? Граѓаните се многу повеќе погодени. Остануваат без работа, платите се намалуваат, уште поголеми рестрикции се најавуваат. Ако е ваква криза, треба државата да субвенционира.. Споредба со многу побогати држави многу е поевтина струјата. Мора да се најде начин, особено за да се субвенционираат сиромашните граѓани и тие што ќе останат без работа”, вели Ристески.

По најавеното поскапување, реакциите се бурни и од страна на граѓаните и од страна на бизнис секторот.
Организацијата на потрошувачи смета дека одлуката е несоодветна, бидејќи освен здравјето, во прашање се доведува и економската безбедност на граѓаните.

Коронавирус