недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 72
home Вести

Среде пандемија кога нема термини за очни прегледи, за упис на првачиња услов е офталмолошки преглед

Среде пандемија кога нема термини за очни прегледи, за упис на првачиња услов е офталмолошки преглед

Според новиот Закон за основно образование, при упис на првачињата во училиште, задолжително треба да им се направи офталмолошки преглед. Но, од друга страна, поради пандемијата со коронавирусот, термини за очни прегледи кај специјалисти во државните здравствени установи нема.

Очната клиника при комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје, до скоро време беше и ковид центар, каде што се третираа пациенти заболени од коронавирус. А во поликлиниките, воглавно низ главниот град, преку платформата „Мој термин“ не се пуштаат термини за закажување на прегледи кај очните доктори.

Единствено каде што може да се закаже термин за офталмолошки преглед остануваат приватните болници и клиники, за кој преглед родителите треба од свој џеб да си платат, иако редовно плаќаат здравствено осигурување. Од информациите кои што ги добивме, од родители кои за своите деца, закаже термин за очен преглед во приватна болница, тие за прегледот ќе треба да платат 750 денари.

Згора на тоа, тие велат дека толку ќе треба да платат за контрола на детето, која ја закажале со упат преку матичен лекар. Што значи дека иако болницата соработува со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, место да треба да доплатат симболична цена, тие за контрола која без упат кошта 1000 денари, ќе треба да платат 750.

Да не заборавиме, дека има семејства кои имаа близначиња, односно две деца, и горе споменатите суми за контроли сериозно натежнуваат на нивниот семеен буџет.

„Имам две дечиња, близначиња. Треба да ги запишеме во прво одделение. За двете деца да им направам очен преглед, ќе треба да платам најмалку 1500 денари. Не е само ова, имаме и други трошоци. Децата ќе се сликаат завршно, да имаат спомен од другарчињата, треба пари и таму да се дава. Сето ова е голем трошок што паѓа на грбот на родителите“, вели родител кој од септември ќе има две првачиња.

Од друга страна се поставува прашањето, дали е потребно вакво инсистирање за офталмолошки преглед при упис на децата во училиште, особено во период на светска пандемија со Ковид-19, кога во првите месеци од стартот на учебната година децата ќе имаат систематски преглед. И во рамките са систематскиот преглед децата, покрај другото, ќе имаат и офталмолошки преглед, каде што би се детектирале евентуални проблеми со видот кај децата и на истите би им се препорачале што понатаму со нив. На тој начин би се избегнала гужвата по болниците и би се намалил трошокот на родителите, и во повисоките здравствени инстанци би се упатиле само децата кој кои би се детектирал проблеми со видот.

ЕУРО 2020

Македонија