четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Вести

Средба Заев-Меркел на 21 февруари

Средба Заев-Меркел на 21 февруари

Премиерот Зоран Заев на 21 февруари ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Средбата е предвидена во рамки на посетата на македонската владина делегација на Германија што ќе ја предводи Заев, потврдуваат од Владата за МИА.

Првата билатерална средба на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст јули лани, на маргините од Самитот „ЕУ – Западен Балкан“.

Меркел тогаш искажа поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.

МИА

Коронавирус