среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Средба Помпео-Ле Дријан во Вашингтон, Македонија и Албанија дел од темите на разговорот

Средба Помпео-Ле Дријан во Вашингтон, Македонија и Албанија дел од темите на разговорот

Американскиот државен секретар се сретна со францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дријан во Вашингтон, на маргините на министерскиот состанок на глобалната анти ИСИС коалиција.

Главната тема на разговорот, според Стејт Департментот биле напорите за траен пораз на ИСИС. Секретарот и министерот за надворешни работи разговараа и за важноста на НАТО алијансата и потребата од континуирана трансатлантска соработка за соочување со заканите за заедничките безбедносни интереси.

Една од темите на средбата биле Македонија и Албанија. Според Стејт Департментот, на оваа средба Помпео и Ле Дријан разговарале за важноста од пристапувањето на Македонија и Албанија во Европската унија.

Коронавирус