петок, 18. септември 2020. Вести денес: 104
home Вести

Средба Пендаровски-Џафери

Средба Пендаровски-Џафери

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

Од Кабинетот на Пендаровски информираат дека на средбата соговорниците размениле мислења за севкупните состојби во државата и очекувањата за следната година.

-Пендаровски и Џафери на средбата поразговараа и за претстојните активности во процесот на формирање и функционирање на преодната Влада, за спроведување на предвремените парламентарни избори, односно за обврските на двете институции во тој процес. Претседателот на државата Пендаровски и претседателот на Собранието, Џафери, се согласија дека во годината кога очекуваме заокружување на полноправното членство во НАТО и одредување датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, потврда за демократскиот капацитет на Македонија треба да биде спроведувањето на предвремените парламентарни избори во април 2020 година во фер и демократска атмосфера, се наведува во соопштението на Кабинетот на Пендаровски.

Коронавирус