понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 130
home Вести

Средба на Заев со претставници на хрватската заедница во Македонија

Средба на Заев со претставници на хрватската заедница во Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Ненад Живковиќ, член на Советот на хравтската Влада за Хрватите надвор од Хрватска и со Невенка Костовска, претседателка на Заедницата на Хрватите во епублика Македонија.

На средбата се поздравени граѓанските политики на премиерот Заев и на новата Влада, насочени кон грижа за сите граѓани во државата, независно од етничката или каква било друга припадност. Нагласено е дека Владата и Република Македонија ја имаат поддршката и од граѓаните Хрвати во Македонија и од Република Хрватска, во реформските чекори, демократските процеси, добрососедските односи, евро-атлантските интеграции на нашата држава, соопшти владината прес-служба.

Се разговараше за состанокот најавен за 10 мај во Скопје меѓу мешовитите комитети на двете земји за следење на билатералната спогодба за заштита на македонското малцинство во Хрватска и на хрватското малцинство во Македонија. Состанокот е договорен оваа година во мај, по осумгодишен застој, поради што е констатирано дека е потребно да се посвети внимание на реализацијата на обврските што произлегуваат од спогодбата меѓу двете држави.

Република Македонија и Република Хрватска се пријателски држави, немаат отворени билатерални прашања. Хрватска е голем поддржувач на Македонија во остварувањето на стратешките евро-атлантски цели, и пријателството и соработката сега има услови да бидат продлабочени на економски, на културен план, низ грижа за правата на малцинствата во државите, но и во интерес на сите граѓани, заклучено е на состанокот.

Претставникот на Советот на Владата на Хрватска за Хрватите надвор од земјата, Живковиќ, пренесе дека има заинтересирани фирми од Хрватска за инвестирања во Македонија.

– Определени сме да обезбедиме економски развој на државата, од што бенефит ќе имаат и граѓаните и фирмите и искрената поддршка, како од нашиот пријател, Република Хрватска, многу ни значи. Исто така градиме едно општество за сите, со отворени шанси за сите и веруваме дека овој концепт ќе обезбедени перспективи за Република Македонија, но и за сите граѓани кои живеат во неа, вклучувајќи ги и граѓаните Хрвати, рече на средбата премиерот Зоран Заев.

МИА

Коронавирус