сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 59
home Вести

Средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2019 во Говрлевска Краста

Средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2019 во Говрлевска Краста

Во рамки на годинашната прослава на Бадник денеска во месноста Говрлевска Краста (на јужните падини на Водно) традиционално ќе биде организирана средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2019, што по 27-ми пат го организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

На скопјани ќе им биде обзнането дека се е подготвено за централното одбележување на Бадник, на 6-ти јануари 2019 година на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Неделната средба е точно напладне, кога ќе започне симболичното сечење на бадниковото гранче. Први тоа ќе го направат кумот и здравичарот-Љупче Николовски и Миливое Алексиевски минатогодишниот кум и здравичарот-Влатко Огненовски и Стефан Хаџи Николов, а потоа градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари,поканети гости и членови на естрадата.

Коронавирус