понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 58
home Вести

Средба на Пендаровски со потпретседател на Хабитат за Европа, Среден Исток и Африка, Рик Хатавеј

Средба на Пендаровски со потпретседател на Хабитат за Европа, Среден Исток и Африка, Рик Хатавеј

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со потпретседателот на Хабитат за хуманост Интернешнл, за Европа, за регионот на Среден Исток и за Африка, Рик Хатавеј.

На средбата, Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, бил информиран за активностите и проектите на оваа непрофитна организација којашто преку изградба на нови или реконструкција на постојни објекти обезбедува соодветно домување за посиромашните луѓе.

Пендаровски, изразил благодарност за досегашниот ангажман на оваа интернационална организација во нашата држава, притоа искажувајќи поддршка за тековните и најавените проекти на Хабитат – Македонија, којашто е дел од глобалната мрежа којашто е активна во повеќе од 70 држави и има помогнато на над 35 милиони луѓе.

Коронавирус