понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Средба на Пендаровски со европратениците Чолош и Кјучук

Средба на Пендаровски со европратениците Чолош и Кјучук

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими пратениците во Европскиот парламент, Дачиан Чолош, претседател на парламентарната група „Renew Europe“ и Илхан Кјучук, известител за Македонија и член на парламентарната група „Renew Europe“.

-На средбата беа разменети мислења за аспирациите на Република Македонија за членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на принципиелната поддршка од Европскиот парламент за процесот на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан и одржувањето на прашањето на агендата. Претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето на државата дека новата методологија за водење на пристапните преговори ќе биде усвоена во текот на март, со што би се отворила можноста за отворање на пристапните преговори за членство во текот на хрватското претседателство со Унијата, информираат од Кабинетот.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните случувања во Република Македонија, во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Коронавирус