недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Средба на Пендаровски со членовите на ДКСК

Средба на Пендаровски со членовите на ДКСК

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, предводени од претседателката на комисијата, Билјана Ивановска.

На средбата членовите на комисијата го информираа претседателот Пендаровски за нивната тековна работа, активностите на комисијата за време на претстојниот изборен процес, како и за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2020-2024), што треба да биде усвоена од Собранието на Република Македонија.

-Пендаровски рече дека стратегијата е добра основа за надминување на приоритетните проблеми кои генерираат висок ризик од корупција и изрази очекување нејзината имплементација да биде транспарентна, односно јавноста постојано да биде информирана за преземените мерки и активности. Претседателот Пендаровски повика на скорешно усвојување на стратегијата во Собранието. Поздравувајќи ја досегашната работа на комисијата, претседателот Пендаровски на средбата истакна дека е неопходно системско справување со корупцијата и воспоставување на вредносен демократски систем којшто ќе биде во согласност со европските стандарди и критериуми, за што, неопходна е јасно изразена волја на сите политички чинители во државата. Обезбедувањето на транспарентност и ефективна координација и соработка меѓу институциите, според претседателот Пендаровски, ќе придонесе кон намалување на корупцијата и консолидирањето на демократијата, соопштуваат од Кабинетот.

Најнови вести

Коронавирус