сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Средба Мицкоски – Жбогар

Средба Мицкоски – Жбогар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска 30.10.2019 година оствари средба со Ангелина Ајкхорст, директор за Западна Европа, Западен Балкан и Турција и Џеновева Руиз Калавера, директор на генерален директорат за добрососедски односи и проширување и Самуел Жбогар, амбасадор на Европската Унија во Република Македонија.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, како и за европската преспектива на Република Македонија,  каде што од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека стратешка цел и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е полноправно членство на Република Македонија во европското семејство.

Мицкоски ги информираше соговорниците за високиот степен на корупција како и за криминалните скандали во кои се инволвирани претставници од власта, но и СДСМ, укажувајќи дека овие скандали мора да имаат правна разрешница доколку сакаме да има владеење на правото и правна држава.

Тој изрази загриженост и во делот на реформи бидејќи како што рече Мицкоски,  Македонија има најслаб резултат во полето на реформите кои што се од суштинско значење за понатамошен развој на државата, додавајќи дека оваа владата на СДСМ и Заев немаат капацитет да ги спроведе потребните реформи.

Соговорниците се согласија дека клучен непосреден приоритет и интерес на Република Македонија е започнување на пристапните преговори што е можно побрзо како и понатамошна соработка на ВМРО-ДПМНЕ со високите европските претставници.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести

Коронавирус