среда, 28. септември 2022. Вести денес: 86
home Вести

Средба Мицкоски-Орбан: Соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕЗ ќе продожи да се развива и во иднина

Средба Мицкоски-Орбан: Соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕЗ ќе продожи да се развива и во иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес придружуван од потпретседателот Александар Николоски, оствари средба со премиерот на Република Унгарија и лидер на владејачката партија ФИДЕЗ, Виктор Орбан, кој беше придружуван од министерот Антал Роган.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека на средбата досегашната соработка помеѓу двете партии била оценета како одлична и било потенцирано дека истата треба да продолжи да се развива и во иднина. Премиерот Орбан изрази целосна поддршка за новото раководство на партијата.

-Претседателот Мицкоски и премиерот Орбан разговараа и за односите помеѓу Република Македонија и Република Унгарија, при што јасно беше изразена недвосмислена поддршката од Виктор Орбан за Република Македонија на својот пат кон евро-атланските интеграции. Без разлика што делува како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги користи сите свои контакти и пријателства за промоција и и забрзување на евро-атланските интеграции на Република Македонија. Претседателот Мицкоски го информираше Орбан за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, потенцирајќи дека власта врши политички терор врз своите неистомисленици. На средбата беше посочено дека Македонија назадува и на економски план и на полето на демократијата со целосно нарушен систем на владеење на правото како основен столб на здравото општество. Како посебен проблем беше разговарано и за слободата на медиумите кои се под притисок во врска со критичкото опсервирање на владините политики, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Орбан и Мицкоски заклучија дека соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕЗ и понатаму ќе продолжи да се развива насока на продлабочување на пријателските односи, како и во насока на споделување на искуствата помеѓу двете партии.

Коронавирус