четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 177
home Вести

Средба Мицкоски-Јанша: Македонија мора да оствари реален напредок, да престане праксата на гол популизам на владата

Мицкоски посочи дека Република Македонија мора да оствари реален напредок во поглед на европските интеграции, притоа потребно е да престане праксата на гол популизам на владата без суштински реформи во клучните области. Потребно е ангажирање на севкупните капацитети за остварување на реален напредок кој мора да биде вреднуван и од кој највекје корист ќе имаат самите граѓани, посочи Мицкоски.
Средба Мицкоски-Јанша: Македонија мора да оствари реален напредок, да престане праксата на гол популизам на владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по посетата на Вашингтон, САД ја продолжи својата интензивна дипломатска активност отпочнувајќи неколкудневна агенда на посети на Република Словенија, Република Хрватска и Република Србија.

-Во текот на вчерашниот ден претседателот Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски остварија средба со поранешниот премиер и сега лидер на словенечката опозиција и претседател на СДС, Јанез Јанша. На средбата во Љубљана се разговараше за повеќе актуелни теми, врзани за можностите за меѓу партиска соработка, актуелната политичка состојба и стратешките интереси на државата врзани со членството во НАТО и ЕУ. Мицкоски посочи дека државата економски стагнира, а граѓаните секој ден живеат полошо. Остануваат проблемите поврзани со недостатокот на демократскиот капацитет на власта за сто најдобар пример е политичкиот терор врз неистомислениците кој мора веднаш да престане, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочи дека Република Македонија мора да оствари реален напредок во поглед на европските интеграции, притоа потребно е да престане праксата на гол популизам на владата без суштински реформи во клучните области.

-Потребно е ангажирање на севкупните капацитети за остварување на реален напредок кој мора да биде вреднуван и од кој највекје корист ќе имаат самите граѓани, посочи Мицкоски.

Соговорниците позитивно ги оценија меѓупартиските односи, и изразија подготвеност за нивно дополнително интензивирање во периодот кој престои.

Лидерот на СДС Јанша даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и изрази надеж дека државата што побрзо ќе оствари конечен напредок во однос на нејзините евроатлански интеграции.

Најнови вести

Коронавирус