среда, 22. август 2018. Вести денес: 0
home Вести

Средба Мицкоски и Заев

Средба Мицкоски и Заев

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во 14:30 ќе се сретнат во Владата на Република Македонија, дознава Курир.

Темата на средбата ќе биде договорот за решение на спорот со името кој Заев вчера преку телефон го договори со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас.

Претходно Мицкоски се сретна со претседателот Ѓорге Иванов, откако на прес-конференција побара итни средби со Иванов и Заев поради, како што рече, капитулантскиот договор со Грција.