недела, 15. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Средба Мицкоски – Фреи: Македонија се соочува со сериозен проблем, висока стапка на криминал и корупција во највисоките ешалони на власта

Средба Мицкоски – Фреи: Македонија се соочува со сериозен проблем, висока стапка на криминал и корупција во највисоките ешалони на власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (22.11.2019) оствари средба со заменик-координатор на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, Торстен Фреи.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Македонија, одличните односи помеѓу сестринските партии, но и за европската перспектива на Република Македонија.

Мицкоски истакна дека нашата држава се соочува со сериозен проблем, висока стапка на криминал и корупција во највисоките ешалони на власта. Тој додаде дека речиси сите поголеми случаи на висока корупција се уште немаат правна разрешница, а во нив се вмешани високи државни и партиски функционери на владејачката партија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се фокусира на решавање на овој горчлив проблем и ќе биде фокусирана на суштински реформи во правосудството и на поле владеење на правото.

Соговорниците ги потврдија одличните односи помеѓу двете сестрински партии, ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ и се согласија дека постои простор за натамошно продлабочување на соработка.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ и на Република Македонија е членството во Европската Унија и поддршката која нашата држава ја добива од Германија и владата на сестринската партија ЦДУ/ЦСУ во целиот овој изминат период е од клучно значење.

Мицкоски на својот Фејсбук профил сподели и статус од средбата каде пишува дека на истата се разговарало на многу актуелни политички случувања во Македонија.

-Oстварив средба со заменик-координаторот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, Торстен Фреи.

На средбата разговаравме за актуелните политички случувања во Македонија, одличните односи помеѓу сестринските партии, но и за европската перспектива на Република Македонија.

Истакнав дека нашата држава се соочува со сериозен проблем, висока стапка на криминал и корупција во највисоките ешалони на власта. Речиси сите поголеми случаи на висока корупција се уште немаат правна разрешница, а во нив се вмешани високи државни и партиски функционери на владеачката партија.
Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се фокусира на решавање на овој горчлив проблем и ќе биде фокусирана на суштински реформи во правосудството и на полето на владеење на правото.

Ги потврдивме одличните односи помеѓу двете сестрински партии, ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ и се согласија дека постои простор за натамошно продлабочување на соработка.

Статешка определба на ВМРО-ДПМНЕ и на Република Македонија е членството во Европската Унија и поддршката која нашата држава ја добива од Германија и владата на сестринската партија ЦДУ/ЦСУ во целиот овој изминат период е од клучно значење, стои во неговиот пост на Фејсбук.