понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 95
home Вести

Средба Иванов-Радев во Дојран

Средба Иванов-Радев во Дојран

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Дојран ќе оствари средба со неговиот бугарски колега Румен Радев, кој ќе престојува во работна посета на државата.

Република Македонија и Република Бугарија имаат континуиран политички дијалог и одлични билатерални односи што ги карактеризира традиционално пријателство, беше заедничката констатација на двајцата претседатели, за време на официјалната посета на претседателот Радев на Република Македонија во февруари годинава.

Претседателот Иванов на покана на бугарскиот претседател Радев во јуни ќе престојува во возвратна официјална посета на Република Бугарија.

Бугарскиот претседател Радев, денеска во Ново Село ќе присуствува на Комеморативна церемонија.

(Миа)

Локални избори 2021