петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 97
home Вести

Србов: Сфаќате ли дека сменивте име за едно големо НИШТО? Знам дека сфаќате, сменивте име за да крадете, точно знаевте што правите

Србов: Сфаќате ли дека сменивте име за едно големо НИШТО? Знам дека сфаќате, сменивте име за да крадете, точно знаевте што правите

Сега Заев, Димитров и Бујар ќе ги обвинат Ројтерс и дипломатските извори за фејк њуз, научна фантастика и дискриминаторски однос кон една држава и народ. Тоа ќе го сторат со истиот вокабулар со кој ни го кажаа нам кога реагиравме на темава, пишува историчарот и колумнист Никола Србов на својот Фејсбук профил.

-Туку, кој ќе сноси одговорност за врзувањето во група на Македонија со Албанија? Сфаќате ли дека сменивте име за едно големо НИШТО? Знам дека сфаќате, сменивте име за да крадете, точно знаевте што правите.