петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 132
home Вести

Србов: Приказната на владата дека се избориле за јазикот да ни биде признаен не само што е груба манипулација туку и премолчување на губењето на она што и досега сме го имале

Србов: Приказната на владата дека се избориле за јазикот да ни биде признаен не само што е груба манипулација туку и премолчување на губењето на она што и досега сме го имале

Македонскиот јазик е единствен во светот кој се нарекува „македонски јазик“ без никакви додавки и дообјаснувања. Никој досега не спорел дека македонскиот јазик припаѓа на словенската група на јазици, никој досега не тврдел дека македонскиот јазик го зборувале античките Македонци, тој од секогаш бил дефиниран и признат како уникатен, ова преку статус на својот Фејсбук профил го објави Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој понатаму додава дека дообјаснувањето на јазикот со групата на која припаѓа асоцира дека постои уште еден јазик кој се нарекува „македонски јазик“ а истиот не припаѓа на словенската група на јазици. Бидејќи не постои друг јазик кој се нарекува „македонски јазик“ освен нашиот македонскиот јазик, нема потреба од дообјаснување и прецизирање. Приказната на владата дека се избориле за јазикот да ни биде признаен не само што е груба манипулација туку е и премолчување на интервенцијата со дообјаснувањето, или поточно, премолчување на губењето на она што и досега сме го имале, пишува Србов.

Коронавирус