сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 35
home Вести

Србов: Потребно е да има парламентарни избори и состав на нова влада која ќе се зафати со решавање на економската и енергетската криза

Србов: Потребно е да има парламентарни избори и состав на нова влада која ќе се зафати со решавање на економската и енергетската криза

Значи народот многу јасно и гласно ја делегитимираа ова владејачката коалиција и единствен излезе од економската криза, енергетската криза, ковид кризата може да се разреши само што побрзо да има нови парламентарни избори и да се состави нова влада и таа нова да се зафати со решавање на овие прашања, вели аналитичарот Никола Србов во вечерашното гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија.

Во однос на барањето на лидерот на опозицијата Мицкоски, Србов посочи дека таквото барање е логично и полезно за државата, укажувајќи дека во спротивно државата може да влезе во политичка криза.

Сметам дека барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е апсолутно логично и полезно за државата бидејќи во спротивно би требало човекот да седи на страна и немо да гледа како се повеќе и повеќе тонеме во државата, рече Србов.

Доколку не се влезе во такво разрешување, можеме да влеземе во една политичка криза, додаде тој.

Тој додаде дека со поразот на локалните избори на СДСМ и Зоран Заев не се делегитимирала само работата на локалните власти, туку се делегитимирале и политиките на централната власт.

На овие избори не е делегитимирана само локалната власт, на овие избори се делегитимирани сите политики на централната власт, ковид кризата, криминогеноста, изјави Србов.

Најнови вести

Коронавирус