сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 98
home Вести

Србов: Бугарија купува позиции- СДСМ молчи!

Србов: Бугарија купува позиции- СДСМ молчи!

Во емисијата „Што не е Јасно‘‘ на Алфа Телевизија гостуваше историчарот Никола Србов кој по повод 117 години од смртта на Гоце Делчев, дебатираше на темата Македонско-Бугарските односи и истакна дека според него договорот со Бугарија воопшто не требало да се потпише.

Сметам дека ваков договор ниту смееше, ниту пак требаше некој да помисли да потпише, секако договор во насока на нашата меѓусебна комуникација и нашата меѓусебна соработка да, но кога зборуваме за прашања каде што се навлегува во историјата и во идентитетот на една од страните тоа е веќе нешто кое што не заслужува воопшто и да се стави на маса а камоли да се потпише или пак во иднина да се преговара-нагласи Србов.

Во однос на ставовите на опозицијата за Гоце Делчев и Македонско-Бугарските односи Никола Србов истакна дека ВМРО ДПМНЕ секогаш било поборник за зачувување на идентитетот културното наследство и историјата.

-Кога зборуваме за ВМРО ДПМНЕ и за политичкото делување на ВМРО ДПМНЕ, партијата или организациајта која е столбот на самостојноста на Република Македонија, по однос на нашите историски ликови како Гоце Делчев, нашиот идентитет, нашето културно наследство, ВМРО ДПМНЕ не само на зборови туку и на дело се покажа дека е најголемиот заштитник и поборник да се зачуваат тие нешта-истакна Србов.

Во понатамошната дискусија Србов посочи дека додека Бугарската страна купува позиции колку што е можно подалеку и подобро за сопствените интереси македонската власт и колацијата предводена од СДСМ молчи.

-Бугарската страна сега купува позиции и ги турка тие позиции што подалеку колку може да стигне за подоцна и да ретерира повторно да дојдеме на тоа што всушност тие го посакуваат, класично нешто во политиката кога се завземаат позиции, од друга страна македонските власти ниту негираат ниту излегуваат со некаква реакција ниту одговараат на тоа прашање-додаде Србов.

Србов во однос историските комисии истакна дека е многу неблагодарно што историчари и експерти од двете страни се седнати од политичари на маса кои веќе одредиле каков заклучок треба да биде донесен, и според него историските комисии нема да донесат ништо што би било целисходно за целата ситуациј, туку само експертите ќе бидат искористени од страна на политиката за потврдување на целта која тие веќе ја зацртеле.

Коронавирус