среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 150
home Вести

Србија повторно предупредува: Ако до 14 април нема решение за брашното, воведуваме „полн сет“ контрамерки

Србија повторно предупредува: Ако до 14 април нема решение за брашното, воведуваме „полн сет“ контрамерки

Договорот ЦЕФТА е во сериозна криза, а идејата за економско поврзување на регионот е на „климави нозе“ поради честите еднострани провокации на одделни влади во регионот и воведување вонцарински бариери во трговијата со Србија, изјави денеска српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Расим Љајиќ за Танјуг.

Најнов таков случај, како што кажа Љајиќ е спорот со брашното со Македонија, при што тој најави дека доколку до 14 април Македонија не најде решение за увозот на српското брашно, истиот ден Србија ќе примени „полн сет“ контрамерки.

– Доколку до 14 април не најдеме решение, автоматски истиот ден ќе воведеме контрамерки. Немаме друг механизам и бевме доволно време трпеливи и толерантни, изјави Љајиќ.

Според него, Србија разбира оти македонската влада е под страшен притисок на „мало воденичарско лоби“, но посочи дека Србија веќе нема да трпи „едно такво нелогично и неекономско однесување.“

– Направен е исчекор по недоамнешните разговори со македонската страна кога е договорено взаемното признавање на сертификатите и на работното време на инспекциите на граничните премини, констатираше Љаиќ, додавајќи дека Србија предлагала потполно укинување на контролните маркички кои се лепат на пакувањата од брашното.

Предлагаме и Србија и Македонија, потполно да ги укинеме маркичките, затоа што нема потреба од дупла контрола доколку меѓусебно се признаваат сертификатите затоа што на тој начин се зголемува вредноста на стоката, а на крај, сето тоа го плаќаат купувачите, констатира Љајиќ.

На прашањето на Танјуг, дали идејата за економско поврзување на регионот е одржлива поради честите вонцарински бариери и дали е можна промена на начинот на гласањето во ЦЕФТА, според предлогот на Србија за „консензус минус еден“ Љаиќ одговори дека „Цефта договорот е во сериозна криза и се има сведено на класичен договор за слободна трговина меѓу земјите во регионот, и иако ЦЕФТА има дадено значајни резултати, таа е во фаза или да регресира или да се направи чекор напред во натамошните економски интеграции“. Тој додаде дека Србија за ова прашање се обраќала до надлежните во ЕУ-но од таму „немаат слух“.

Коронавирус