сабота, 10. април 2021. Вести денес: 63
home Вести

Србија ќе ни ја достави втората пратка донација вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни ја достави втората пратка донација вакцини на „Фајзер“
МИА

Министерот за здравство Венко Филипче ќе биде домаќин на министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, на граничниот премин Табановци, со цел да ја преземе втората донација од 8000 дози вакцини од компанијата Фајзер/Бионтек, соопшти Танјуг.

Првиот контингент од 4680 дози од Србија пристигнаа на 14 февруари, кога српскиот претседател Александар Вучиќ на граничниот премин Табановце му предаде вакцини на премиерот Зоран Заев.

Со вакцините „Фајзер“ од Србија започна имунизација во Македонија, а вакцините први ја примија здравствените работници.

Коронавирус