среда, 24. февруари 2021. Вести денес: 145
home Вести

Србија до јуни ќе има пет-шест различни вакцини, а Македонија сѐ уште нема ни една

Србија до јуни ќе има пет-шест различни вакцини, а Македонија сѐ уште нема ни една

Регионот откако почна со вакцинација, сега претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ изјави дека до јуни во Србија ќе бидат достапни пет-шест различни вакцини против коронавирусот. Во Македонија, моментално вакцината е само во најава.

Планот на здравствените власти е Македонија, преку трите опции – КОВАКС механизмот, директни договори со производителите и помош од земјите-членки на Унијата, да обезбеди околу 2,4 милиони дози, што се доволни за вакцинирање на 1,2 милиони граѓани.

Додека ова го говори министерот Филипче, во Србија досега се вакцинирани повеќе од 19.000 луѓе, а веќе денеска им пристигнаа милион кинески вакцини.

– Ова е неверојатна работа, не знам дали луѓето го разбираат тоа, рече денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, откако на аеродромот во Белград заедно со амабасадорката на Кина, Чен Бо ги дочекаа кинеските вакцини.

Вучиќ изјави дека Србија е првата земја во Европа која што добила толку голема количина на кинеска вакцина.

Тој исто така најави дека во понеделник ќе стигнат околу20.000 дози на вакцината на Фајзер, а потоа и 250.000 дози на вакцини на Спутник.

Најнови вести

Коронавирус