четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 118
home Вести

„Срамота! Владата што вети дека ќе ја урива оградата не им дозволи на синдикатите да влезат во двор“

„Срамота! Владата што вети дека ќе ја урива оградата не им дозволи на синдикатите да влезат во двор“

Пред да дојде на власт СДСМ и премиерот Зоран Заев, ветуваа рушење на оградата околу Владата, за како што кажаа тие Владата повторно да биде поблиску до граѓаните, сепак тоа не е така.

Денеска на протестен марш излезе ССНМ (Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници). Претседателката на синдикатот, Тамара Чаусидис, на Фејсбук се пожали дека новинарите, медиумските работници  и останатите синдикати кои денеска биле на протестираа не биле пуштени да влезат во дворот на Владата, иако беше ветено дека оградата ќе се руши за да може граѓаните непречено таму да се движат.

-Срамота! Владата што вети дека ќе ја урива оградата не им дозволи на синдикатите да влезат во двор, пишува на Фејсбук Чаусидис.